Гром уби 150 овци во општина Чашка - еве ја приказната на несреќниот сточар

Гром усмри 150 овци од стадото на сточарот Коле Ѓорѓиевски од селото Оморани, општина Чашка, пренесува порталот Лисица.мк. Според порталот, несреќата која го испразни стадото на Ѓорѓиевски се случила во атарот на селото кај Никодинска планина.

Овчарот раскажува дека со оглед на силината на громот, вистинска среќа е што тој останал жив. Сточарот, објавува Лисица.мк, заработил помали повреди од падот.

Овците од кои семејството Ѓорѓиевски ја обезбедувало основната егзистенција, не биле осигурани. Тој се надева дека општините и Прилеп и Чашка ќе му помогнат и ќе го обештетат.

ФОТО: Ерепортер

најчитано сега