Мотор се заби во тетовчанка - крвава сообраќајка го вознемири Тетово

 

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случила утрово околу 10 часот и 30 минути на кружниот тек од крстосницата на булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Илинденска“ во Тетово, информираше портпаролот на тетовската полиција, Јосифовски.

- Во сообраќајката учествувале моторцикл со тетовски регистарски таблички управуван од И.Б(54) од Мала Речица кој се здобил со телесни повреди и пешачката Б.Н.(66) од Тетово која во судирот се здобила со скршеница на рамена коска и други повреди. И двајцата биле префрлени во Тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото од несреќата извршиле полицајци од Станицата за безбедност на патниот сообраќај и работат на откривање на причините и се друго поврзано со оваа сообраќајка, рече Јосифовски.

Тој посочи дека викендов на подрачјето на СВР Тетово се спроведуваат засилени контроли на моторциклистите. Контролите треба да покажат дали се почитува сообраќајната дисциплина во однос на регистрирањето на моторциклите, носењето на заштитна опрема и пребрзото возење.

-Сите оние моторциклисти што не ги почитуваат овие правила ќе бидат санкционирани и отстранети од сообраќај особено затоа што со доаѓањето на печалбарите многу е зголемена сообраќајната фрекфенција во тетовско гостиварскиот регион, најави Јосифовски. 

 

најчитано сега