Груевски на терен меѓу жителите на Света Петка и Држилово помага во решавање на проблемите

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на општина Сопиште оствари средби со жителите на населените места Света Петка и Држилово.

При посетата на населеното место Света Петка, граѓаните изразија голема благодарност од вниманието кое го дава општината и што премиерот Груевски ги посети.

Градоначалникот истакна дека во тек е изградба на ново спортско игралиште, а беше посочена и потребата за изградба на нов водовод, при што од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски беше посочено дека ќе се направат напори неговата изградба и зајакнување на изворите на вода да влезе во новата програма за наредната година, за што ќе се издвојат 3 милиони денари.

Исто така беше кажано дека ќе се гради и регионалниот пат од 12 километри значаен за целиот овој регион.

Груевски денеска се сретна со жителите на селото Држилово, при што беше посочен проблемот со лошата состојба на локалниот пат.

Градоначалникот на Сопиште им соопшти дека од април идната година ќе започне со комплетна реконструкција на последните три километри, а остатокот од еден километар е во надлежност на соседната општина Студеничани, при што министерот за транспорт и врски Мисајловски рече дека ќе разговара со градоначалникот на Студеничани за да се реконструира и тој дел од патот.

drzilovo-1

Беше договорено на барање на граѓаните возило од ЈСП да воспостави конекција со селото Држилово, при што директорот на ЈСП Игор Јанушев истакна дека од следниот петок ќе започне да се обраќа возило на претрпијатието.

Жителите упатија благодарност за поддршката и излегувањето на пресрет на барањата. За време на посетата на Општина Сопиште бше кажано дека водоводот Патишка река ќе почне да се гради кон крајот на октомври, почетокот на ноември. 

Груевски денеска посети две македонски села, две села каде живеат Албанци и едно Македонци муслимани.

 

 

Оцени ја веста

19.09.2015 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега