УМС на ВМРО-ДПМНЕ започна да остварува средби со младите

Унијата на Млади Сили на ВМРО –ДПМНЕ започна да остварува  средби  со младите низ општините на кои како што најавија ќе се дискутира  за проектите  од локален карактер  но и за  проекти на нивото на цела држава, ќе се зборува за проектите за средношколците и студентите. Средбите ќе се одржуваат во следните месец дена, а како што влеат целта им е да ги информираат младите за проектите кои ги прави ВМРО ДПМНЕ ставајќи акцент дека токму по реализираните проекти оваа партија кои имаат единствена цел а тоа е подобар живот на младите во Македонија.

УМС на ВРМО ДПМНЕ  вчера ја одржа отворена трибина  во  скопската општина Аеродром  која како што велат е општина која за десет години  доживеала многу промени и која одлично покажува како работи ВМРО ДПМНЕ.  

-Во општина Аеродром се реконструирани повеќе основни училишта, направени се повеќенаменски спортски игралишта, уредени се зелените површини  и со  сите проекти на ВМРО ДПМНЕ оваа општина доби лик на најмодерна населба  во град Скопје, рече претседателот на Унија на Млади Сили на ВМРО – ДПМНЕ  Владимир Нелоски.

Нелоски посочи и дека кошаркарскиот клуб МЗТ кој бил на маргините на кошаркарската мапа во Македонија откако бил преземен од страна на општината Аеродром веќе четири години по ред е македонскиот кошаркарски шампион.

Директорот на СЦ “Борис Трајковски Златко Перински  се осврна на проектите кои ги реализира владата во насока на спортот и на популаризација на младите за поздрав и поуспешен живот.

-Како никогаш досега сведоци сме на еден инвестициски циклус во спортот кој што преку ресорните агенции преку АМС се реализираа изминативе години. Тој проект опфаќа 120 тениски игралишта, 35 помошни фудбалски игралишта, 50 училишни сали и 100 повеќе наменски игралишта, рече Перински.

Како што посочи СЦ “Борис Трајковски“  деноноќно работи на промоција на рекреацијата и на спортскиот начин на живот се со цел да придонесат за младите луѓе да се оттргнат од пороците на модерното живеење. Во таа насока се реализирани неколку проекти кои придонесоа  да се зголеми приходот од рекреација за 7 % од вкупниот бруто приход  на центарот што е значителна бројка за само една година.

-За прв пат во Република Македонија направивме една институционална соработка со Драмскиот театар која што предвиде бенифицирани цени за корисниците на драмскиот театар. Доболнителна иновација е проектот јога за трудници кој што го промовиравме заедно со Министерство за здравство и кој што е комплетно бесплатен, рече Перински.

Потпретседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ Димче Арсовски посочи дека разликата помеѓу нив и подмладокот на СДСМ е што УМС на ВМРО ДПМНЕ остварува средби, резговори, трибини со младите каде се дискутира се слушаат сугестиите, добиваат идеи, решаваат проблеми  што не е случајот кај другиот табор.

-Би сакал да потсетам дека претходната програма за млади која што беше преставена од премиерот Никола Груевски беше иницирана токму од  УМС и сите оние проекти кои што сега се имплементираат потекнуваат токму од младите. Исто така сакам да потсетам дека пред 8 години не можевме да имаме постојано интернет, но сега информатичката технологија е допрена до секој млад човек до секој дом, рече Арсовски.

Арсовски им порача на младите директно да се вклучат во подготвувањето на предизборната програма со нивни идеи , сугестии , проекти и се она што ќе допринесе за унапредување на животот на младите. 

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега