По посетата на Премиерот Груевски голем број на проекти за жителите на општина Сопиште

Водоводи, канализации, нови патишта, спортски сали и игралишта се дел од проектите наменети за жителите на Сопиште кои произлегоа од агендата на премиерот Никола Груевски од вчерашната посета.

Груевски вчера посети 6 населени места, кои се со различен етнички состав: Македонци, Албанци, Македонци муслимани, Турци, и сите подеднакво се интересираа за решенија на нивните проблеми.

Еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, Аеродром и Киселва Вода, а особено важен за жителите на Сопиште е токму изградбата на канализациониот систем Сопиште- Сончев град, одведување на отпадните води низ општините Аеродром и Кисела Вода.

Со овој проект ќе се опфатат и одведат сите отпадни води во постојаните канализациони мрежи од општина Кисела вода и Аеродорм. Вкупната инвестициона вредност на проектот изнесува над 300 милиони денари. Физичката реализација на проектот отпочна на 1-ви октомври 2014 година, а се предвидува да се заврши за 18 месеци.

Истовремено беше договорено и приклучување на канализациониот систем и подоцна асфалтирање на дел од локалните улици во општината Сопиште.

Активно се работи и на конечно решавање на водата за пиење во селото Чифлик кое преставуваше долгогодишен проблем за жителите, кои упатија огромна благодарност до градоначалникот кој се реши на ваква инвестиција која се одвива.

-Најголем проблем досега беше оној со водоснабдувањето. Благодарение на градоначалникот на општина Сопиште, вредно и искусно момче, треба и да се награди овој човек, вложи огромни напори, презеде итини мерки и фирмата работи, вели жител на Чифлик.

Градоначалникот рече дека решавањето на овој проблем е поделено во неколку фази, првата фаза е опфаќање на изворите, досега изворите воопшто не биле опфатени, потоа следува менување на цевководот, а трета фаза е санција на резервоарот, кој како што нагласи градоначалникот на Сопиште, е во добра состојба. Првата и втората фаза за еден месец ќе бидат завршени и со тоа ќе биде решен проблемот.

Заедничко за жителите на Сопиште, Добри дол, Чифлик, Ракотинце, Света Петка е решавање на проблемот со патот и нивното барање за санација. Груевски најави дека негова реконструкција ќе почне март или април наредната година и средства ќе се обезбедат од буџетот на државата. Освен реконструкција патот ќе биде и делумно прочирани на оние места каде има простор за таква интервенција. Граѓаните задоволни го поздравија ваквиот проект што ќе знали решавање и реализација на нивното барање. (tonsko Regionalen pat 12 kilometri)

Груевски го посети и селото Света Петка, каде жителите посакаа добредојде и го угостија во локалната чајџилница.

Во селото Света Петка жителите го истакнаа проблемот со водата за пиење. Премиерот Груевски истакна дека од клучно значење е изградбата на водоводот патишка река чија тендерска процедура е при крај, а почетоците на градба ќе бидат на крајот на октомври, и би требало да биде завршен во средината на наредната година. Но истовремено од буџетот ќе се издвојат дополнителни 3 милиони за изградба на секундарна мрежа за водовод во ова село.

Во населеното место Држилово освен тоа што наредната недела ќе биде обезбеден редовен автобуски превоз од јавното соoбраќајно претпријатие беше најавена и реконструкција на патот за селото, кој е во делот на општината Сопиште, а ќе се разговара и со градоначалникот на Студеничани да го реконструира преостанатиот дел од локалниот пат во негова надлежност. 

Во Добри Дол беше договорено скора интевренција и инвестиции во водоводната мрежа, а во Ракотнци беше договорено стручни екипи од министерството за транспорт и врски да излезат на терен и извршат анализи на повторното активирање на свлечиштето кое претходно било санирано.

 

Покрај овие проекти, Владата во соработка со општината во овој регион релизира и повеќе други проекти.  Во 2015 година изграден е локалниот пат  с. Долно Соње - с. Горно Соње за што беа инвестирани 5 милиони денари, во тек е изградба на регионален пат од Скопје до Сончев Град што е инвестиција над 7 милиони евра и завршен е локалниот пат  Р-104 – с.Добри Дол.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега