Нови детали за Македонецот во Германија осомничен дека е дел од ИСИС

Македонскиот државјанин по кој трага германската полиција е роден во Германија, но таму живее со македонски пасош. 
 
Портпаролот на полицијата во Берлин Штефан Редлих во изјава за МИА вели дека не може да го открие името на македонскиот државјанин за кого постои соменвање дека во моментов е дел од конликтот во Сирија. 
 
Засега не се открива ниту зошто осомничениот македонски државјанин кој иако е роден во Германија во оваа земја живеел со македонско државјанство. Тој е роден во 1996 година, а станал дел од радикални исламски структури откако бил регурутиран од страна на 51 годишен Мароканец првоосомничен во случајот што го истражува германската полиција. 
 
По неколкумесечна истрага полицијата рано изутрина влегла во осум објекти од кој еден бил дел од една берлинска џамија, но засега нема информации за уапсени лица.
 

 

Оцени ја веста

22.09.2015 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега