Македонец трагично загина во Црна Гора

39 годишниот велешанец Злате К. (39)  вчера загинал работејќи на брод во изградба во бродоградилиштето во Бијела, Црна Гора, јавуваат црногорските медиуми.

Неофицијално, велешанецот работел на бродоградилиштето преку кооперантска фирма која има претставништво во Црна Гора. 

Според црногорските медиуми,  Злате работел на водено пескарење на бродот, кога со хидрауличниот апарат си ја пресекол аортата. Велешанецот починал на пат кон болница.

 

најчитано сега