Позната старлета ја здрма Владата - Министер и нудел работа во замена за жежок секс

Контроверзната старлета Александра Петковиќ, позната како Сандра Партизан, која се фотографираше во фотелјата на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, тврди дека министерот на актуелната српска влада и ветил државна работа ако спие со него! Таа уверува дека ја одбила „непристојната понуда“ но не сака да открие за кој функционер станува збор.

„Министер во актуелната влада, чие име нема да ви го кажам, ми понуди работа во замена за секс, на што јас не прифатив. Без оглед на се, тоа ветување и непристојната понуда која ја добив не ме спречија во амбицијата да станам амбасадор и да се борам за правата на жените“, вели Сандра Партизан.

Како што тврди атрактивната плавуша, зградата во Германија ја посети минатиот месец, за време на Денот на културното наследство, кога проверила како изгледа во фотелјата и тоа го „завери“ со фотографија.

„Две години бев доста активна во Српската народна партија, па не треба да ве чуди од каде јас се најдов во Владата. Тие денови бев во прошетка на Владата. Не знам што е чудно во тоа што се сликав. Владата е тим за кој јас навивам и на тој начин сакав да ги поддржам“, вели Сандра Партизан.

Инаку Петковиќ стана позната во јавноста по поддршката која ја давала на фудбалскиот и кошаркарскиот клуб Партизан и тоа сликајќи се гола. Нејзиното тврдење предизвика згрозување, но и неверување во целокупната јавна и политичка сцена во Србија. Министерот за трговија Расим Љајиќ вели дека не верува во тоа што го зборува Петковиќ.

 

„Таа преку тие будалаштини кои ги изјавува се обидува да се пробие на насловната страна. Тешко на нас ако старлетите го креираат јавното мислење и можат да изјават што им се чини. Ни нема спас ако они ни ја кројат судбината“, вели Љаиќ.

Пратеникот од Српската напредна партија Верољуб Арсиќ исто така не верува во тврдењата на старлетата и ги нарекува „глупости“.

„Мислам дека таа девојка лаже. Нејзината изјава е бсмислена и очигледно е дека на тој начин си ја крева цената. Сите тие старлети имаат една цел, насловната страна и не бираат начин да ја исполнат. Верувам дека и овде станува збор за тоа“, заклучува Арсиќ.

 
 
04.11.2015 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега