Страшно невреме: Дожд, грмотевици, поплави и блокирани патишта - две жртви во Албанија

Невремето во Албанија проследено со силен ветер и дожд предизивика поплави, недостиг на електрична енергија, оштетени мостови, блокирани патишта. Тоа денеска однесе и два човечки животи.

Во општина Лура, животот го загубило дваесет и седум годишно момче кое било однесено од големиот тек на вода во моментот кога  чистело канал во ХЕЦ„Лура1“. Втората жртва е 49-годишен рибар кој настадал во невремето во пристанишниот град Шенѓин.

Многу подрачја се поплавени, под вода е пола Тирана а без електрична енергија голем дел од земјата. Под вода е и автопатот Тирана-Драч а отежнато,поради одрони се одвива и сообраќајот на автопатот Тирана-Елбасан-граничен премин Ќафасан.  Поради невремето и немирното море од синоќа не испловил ни еден пловен објект. Во Драч потонал рибарски брод.

На поголемиот дел  од патните правци има одрони од камен, земја и дрвја а посебно состојбата е критична на патниот правец Тирана-Бурел-граничен премин Блато, како и патишта во ридско планинските делови на земјата. 

Министерот за внатрешни работи.Саимир Тахири,  свика итна седница на кризниот штаб.

 
 
22.11.2015 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега