Црвен аларм поради тероризам: Уапсена жена обучена да биде бомбаш-самоубиец

Државјанка на Србија, наследничка на ИСИС, 21-годишната Е.Џ е уапсена вчера во населбата Калесија во Босна и Херцеговина во акција на полицијата откако била известена од српската разузнавачка служба.
 
Девојката била заробена, заедно со својот сопруг Енес Месиќ, кој за кратко време бил ослободен.
 
Како што пишува „Блиц“, задачата на Е.Џ наводно била да собира информации, како и регрутирање на други жени во редовите на ИСИС.
 
Според податоците на српските безбедносни служби, таа се споменува како најблизок соработник на Нусрет Имамовиќ, радикален вахабистички лидер од Горно Маоч.
 
Како што пренесува овој медиум, Е.Џ била добро обучена за самоубиствени напади и била подготвена да изврши напад во регионот.
 
 
26.11.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега