Катастарот нема да прима барања утре и в понеделник

Поради надградба на електронскиот систем на Катастарот, утре (1 декември)  и в понеделник следната недела (7 декември), нема да се примаат барања и да се издаваат податоци преку електронскиот шалтер, шалтерите во скопскиот Центар за катастар на недвижност и во одделенијата за катастар на недвижности низ државата.

Агенцијата за катастар на недвижности, следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии, денеска соопшти дека ќе изврши надоградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата. 

- По надградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците,  се вели во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности.

 
 
30.11.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега