Тројца млади прилепчани се заразиле со ХИВ

Три лица заразени со ХИВ регистрирал Центарот за јавно здравје во Прилеп во изминативе две години. Две лица се евидентирани во 2014 година, а едно во текот на годинава. Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје од Прилеп, информира дека сите лица се од машки пол и на возраст од 20 до 29 години. Тој објаснува дека светските искуства покажуваат дека од 30 до 50 отсто од заболените воопшто не знаат дека се инфицирани. 

- Кај половина од оние што знаат дека се позитивни, инфекцијата се дијагностицира доцна, кога имунолошкиот систем е значајно нарушен и кога ризикот од заболување и умирање од сида е значително поголем. Колку порано се дијагностицира ХИВ-инфекција и се започне со лекување, можностите за долг и квалитетен живот се поголеми. Тестирањето на ХИВ треба да биде дел од одговорното однесување на секој поединец, бидејќи со откривањето и лекувањето се намалува можноста за трансмисија на други - објаснува Ингилизов, истакнувајќи дека терапија за ХИВ-сида денес е достапна и овозможува долг и квалитетен живот.

 
 
30.11.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега