Денеска на трпеза никако не смее да се најде ова јадење - еве зошто
Денеска е Св. Алимпиј Столпник.
Овој чудесен Алимпиј се роди во Хадријанополис, во Пафлагонија. Првин беше ѓакон во катедралната црква на градот, а подоцна се повлече и се настани на некои елински гробишта, што се наоѓаа надвор од градот. Таму изгради црква, а до црквата висок столб, па се искачи на стобот и таму помина 53 години во пост и молитва. Овој чудесен столпник му стана така светилник на светот. Подоцна, од двете страни на столбот се формираа два манастира, еден женски и еден машки, со кои управуваше свети Алимпиј. Се упокои, или поточно речено, премина во вечниот живот во 640 година, на 100-годишна возраст.
Според обичаите, за да има напредок на денешен ден на трпезата никако не смее да се најде телешко.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа