Мотор се заби во велосипедист во Вевчани - стружанец загина во крвава сообраќајка

Постар стружанец го загубил животот во страотна сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта во Вевчани.

Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 22:45 часот, кога се судриле мотор „Арора“ и велосипед кој бил управуван од стружанецот.

Стружанецот заработил тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. За жал, велосипедистот им подлегнал на повредите.

најчитано сега