Сопругот ја “кршел“ од ќотек секој ден - млада гостиварчанка “пукна“ и побара помош од МВР

35 годишната гостиварчанка Е.М. го пријавила неванчаниот сопруг за насилство. Според гостиварчанката, таа подолго време била малтретирана од нејзиниот невенчан сопруг.

Според СВР Тетово, семејните несогласувања помеѓу неа и Б.О. (39), кулминирале вчера кога по меѓусебната вербална расправија и кажал да замине од домот и да го остави малолетното дете. Потоа, физички ја нападнал нанесувајќи и видливи повреди. Сакајќи да ја одбранат, се вмешале и родителите на Б.О, но тој ги истуркал и ги затворил во една од собите.

Е.М. телефонски повикала полиција по што било интревенирано. Неколку часа подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во куќата. Во подпокривот пронајден е пиштол „застава“ калибар 6,35 милиметри, а во плакар од спалната, друг пиштол калибар 28, кои ги поседувал без дозвола. Гостиварецот Б.О е приведен и задржан е во Полициската станица Гостивар.

Изминатите шест месеци на поширокото гостиварско подрачје поднесена е една кривична пријава за семејно насилство. Полицијата изготвила и поднела два посебни извештаи.

Во СВР Тетово примени се и 36 поплаки за полесни форми на насилство, за кои пријавителите не барале кривичен прогон за насилниците, туку само усно или писмено предупредување.