Пијани струмичани кршеле се пред себе па се обиделе да запалат куќа

Неколкумина млади струмичани си заработија кривични пријави поради насилство и предизвикување општа опасност.

Се работи за 30-годишниот Т.А. 30-годишниот Ф.Ш. и 24-годишниот А.А. кои пред два дена се поднапиле, па потоа влегле во дворот од семејната куќа на својот сограѓанин Л.Д. и почнале да фрлаат со дрва и камења. Потоа, пријавените се упатиле кон улицата Бетовенова каде исто така фрлале со камења и дрва по една куќа, при што скршиле прозорци и врата.

На крајот, Т.А. се обидел да го запали дворот на истата куќа, откако прво го полил со бензин.

Вандалите си заработија притвор во времетраење од 30 денови.

најчитано сега