Дарко се огласи: Што ќе прави со освоените 100.000 евра?

Победникот на Големиот Брат, нашиот Дарко, не можеше да ги скрие солзите радосници по победата. По излегувањето од куќата тој изјави дека никогаш во животот не се чувствувал така.

- Најтешко ми беше што не можев да го видам семејството. Имаше моменти кога сакав да излезам, а Ервин и Барбара беа до мене во тие моменти. Секој момент со нив ми беше најубав, вели Дарко.

Со парите вели дека ќе се оствари самиот себе.

- Ќе си остварам некои соништа, за личниот развој како и нови искуства и патувања, вели тој.

По излегувањето вели дека прво ќе го прегрне помладиот брат кој не дојде во Белград.

За тоа дали парите ќе го променат вели дека не смета така: - Мене не ми требаат 100.000 евра за да ме сакаат девојките, вели Дарко низ смеа.

Телеграф.рс

 
 
14.12.2015 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега