Го продала часовникот бидејќи итно и требале пари, но по 8 години се случило нешто неочекувано

Морана Мамиќ, позната хрватска дизејнерка на Инстаграм ја напиша својата животна приказ и го воодушеви светот. Еве што напиша таа: 

- Се сеќавам кога прв пат го видов овој часовник. Си реков себе си морам да го имам. Штедев пари, но никако не можев да ја соберам потребната сума. Во еден разговор и се пожалив на мојата баба дека неколку дена штедам за еден часовник. Баба ми ме праша „ па колку имаш пари во моментов?“. Јас и одговара: „Половина“. Ми се јавува едно утро баба ми да дојдам во Кватриќ. Жената дојде со автобус од Сомбор ми извади едно плико и ми рече: „Слушај кога веќе (поранешниот) маж ти не ти купува часовник, еве ти го остатокот и купи си го сама. Се сеќавам на тој момент како денес. Среде улица скокав од среќа како мало дете. Часовникот го нарачав од Грац, а баба ми и мајка ми и јас отидовме по него. Беа тоа златни времињаз, напишала Морана а потоа нејзината приказна добил пресврт. 

- Кога се разведов, часовникот беше единствената вредност која ја имав. Одлучив да го продадам и парите да ги вложам за работа. Човекот кој го купи беше многу коректен. Слушна за што ми требаат парии ми плати точно колку што барав. баба ми тој ден плачеше... Следната година го запзонав Јоз. Заминавме на викенд, беше зима шетавме и застанавме пред продавница за часовници. меѓу силниот блесочен излог го здолгедав „ својот“ часовник. Јоз ме праша: Да можеш да избереш, кој часовник би го избрала? 

Без да зборувам само покажав кон „ розевиот со цветчиња“ во аголот од излогот... Од тогаш поминаа  осум години... Никогаш на Јоз не му ја кажав оваа приказна за часовникот. Пред неполн месец ми беше роденден. тоа утро се разбудив многу доцна. На креветот пронајдов земела кутија со писмо: Пред осум години пред оној излог го освои моето срце. Можеше да избереш што сакаш, но ти го одбра само него. На око ништо посебно, но од внатре е  сокриен неговиот квалитет. Часовникот е ист како и јас.!!! Среќен роденден Мици, носи го со здравје, а за среќа и насмевка ќе се потрудам јас“„. 

 

 

 

 

 

 
 
15.12.2015 - 22:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега