Ја остави 4 дена по породувањето: Пукна тиквата меѓи најпопуларниот пар

Бракот на Ким Кардашијан и Кање Вест веќе неколку месеци е во криза. Според тоа што деновиве го пишуваат американските медиуми, раперот ја оставил ријалити ѕвездата само четири дена откако таа на свет го донесе нејзиното второ дете.

Според пишувањата на US магазинот, кризата кулминирала само неколку дена по породувањето, а по кратка расправија со Ким, раперот си ги спакувал куферите и ја оставил со двете деца. Според неименуван извор, Кардашијан веднаш се преселила кај својата мајка, а Кање заминал исто така во друг стан.

Неколку дена претходно пријателите на парот изјавија дека тие се пресреќни со приновата и дека љубовта им цвета. Сепак, како што пишуваат одредени таблоиди, пукна тиквата меѓу Ким и Кање кои секогаш привлекуваат огромно внимание во јавноста.

 

 

 
 
17.12.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега