ВИДЕО: Тест што секој мора да го знае - како да препознаете човек што има мозочен удар?

Овој тест е во три фази и секој би требал да го знае, бидејќи можете некому да спасите живот благодарение на овој тест за мозочен удар.

Мозочен удар е нешто што им се случува на старите луѓе, но заради стресниот начин на живот и лошата исхрана, се почесто и млади луѓе стануваат жртви на мозочен удар.

Мозочниот удар настанува заради пореметување на циркулацијата во мозокот, заради што негови поединечни делови се недоволно снабдени со кислород и хранливи материи, па доаѓа до оштетување и изумирање на нервните клетки.

Пред да добиете мозочен удар немате предупредување.Но, понекогаш се јавуваат одредени пореметувања пред тој да се случи како отежнување на говорот, моториката на една рака или нога, пореметување на видот на едното око.

Ако постои сомневање дека може да се работи за мозочен удар, треба да повикате Брза помош, за да го упатат на соодветно лечење.

Тест во 3 фази кој го спасува животот:

Лице– Погледнете дали лицето му е симетрично. Ако едната страна му виси, натерајте го да се  насмевне – ако не може да ги подигне усните, нешто не е во ред.

Раце– Нека се обиде да ги крене рацете. Ако едната рака е послаба и паѓа, тоа дефинитивно е знак за паника.

Говор– Ако има тешкотии во говорот, повторува зборови или фрази. Обидете се да ја повтори реченицата и вашето внимание насочете го кон изговорот.

 
 
22.12.2015 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега