Едноставно е: Оваа маст отстранува рани, отоци и флеки на кожата

Sempervivum tectorum е лековито растение кое кај нас е познато под името „чувар куќа". Оваа лековите билка во народната медицина се употребува како сок, маст или чај.

Овој рецепт од чувар куќа се покажа како ефикасен за лечење на многу работи. Се што ви е потребно е:

- една рака ситно исечкани листови од чувар куќа

- 200 грама маст

Припрема: Маста се мие во 9 води. Во еден сад помешајте ги сите состојки. На ниска температура стопете ја маста, па оставете ја да отстои 12 часа. Потоа маста повторно загрејте ја на ниска температура дури не стане течна. Исцедете ја и ставете ја во тегла. Чувајте ја во фрижидер.

Оваа маст е лековита за рани настанати од удар, загноени рани, отоци и против пеги од сонце и флеки на кожата, како и убод од инсекти.

Пред употреба консултирајте се со лекар.

 
 
22.12.2015 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега