Откриено: Еве зошто водителот ја згреши победничката на Мис Универзум

Водителот и комичарот Стив Харви кој го шокираше светот на изборот на Мис Универзум, пиел и се коцкал две ноќи по ред пред изборот, пишува „TMZ”, кој објави и неколку фотографии на кои се гледа како водителот игра рулет.

Имено, Харви пред милионската публика прогласи погрешна победничка и тоа колумбиската мисица Ариадна Гутјерез. Но, откако таа ја доби круната и громогласен аплауз од публиката и своите навивачи, Стив изјави дека погрешил и дека погрешно ја прочитал картичката.

Колумбијката беше прва придружничка, а вистинската победничка била Филипинката Пиа Вурцбач. Пиа збунето ја прифати круната, а подоцна изјави дека нејзината победа била “неконвенцијална и прикладна за 2015 година”.

Но, иако Ариадна изјави дека е среќна и задоволна бидејќи се се случува со причина, колумбиската амбасадорка во САД, Марија Изабел Нието, смета дека мисицата ќе има сериозни трауми од немилиот настан.

„Тоа многу ја погоди. Психолошко мачење е да и се одземе титулата, а ќе има трауми од моментот кога и ја тргнаа од главата”, вели таа.

Некои обожаватели на колумбиската мисица сметаат дека целата работа е претстава за јавноста и дека сето тоа го наредил Доналд Трамп, сопственикот на лиценцата за изборот.

 

ИЗВОР: КУРИР

 
 
22.12.2015 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега