Научниците открија: Ова е причината за тумор

Повеќето тумори не се резултат на нездрав начин на живот или лоша исхрана, ниту се резултат на генетско наследување, туку повеќето луѓе заболени од карцином, просто немале среќа, откриваат новите истражувања на американските научници, кои дошле до сознание дека две третини од туморите се создале како резултат на случајност.

Во студијата се наведува дека неправилната мутација, до која доаѓа, кога ДНК-та се дели на две ќелии, е надвор од било каква контрола, односно ништо не влијае врз неа. Една третина од туморот настанува како резултат на животни фактори: опкружувањето, исхраната, начинот на живот или генетското наследување. Сепак, научниците предупредуваат дека неквалитетниот стил на живот може да влијае врз „факторот несреќа“.

Што почесто ќелиите се делат, толку е поголема веројатноста нивниот генетски код да се поремети, односно да дојде до грешка.

 
 
22.12.2015 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега