Крадците не мируваат - скопјанец остана без 360.000 денари

Вчера во Скопје на улицата „Васко Карангелевски“ непознат сторител извршил тешка кражба во стан.

Се работи за стан во сопственост на 29-годишниот скопјанец Ј.Р. каде крадецот со употреба на погоден алат делувал на цилиндерот и ја отклучил бравата од влезната врата, влегол внатре и по извршеното пребарување пронашол и одзел два лап-топ компјутери и поголема количина златен накит.

Крадецот предизвикал штета од 360.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

најчитано сега