Посвоена сум од бебе: Зажалив кога ги запознав вистинските родители

-Посвоена сум уште како бебе и кога наполнив 20 години одлучив да ги пронајдам моите вистински родители. Моите родители кои ме посвоија ме поддржаа во тоа и ми помогнаа да ги пронајдам. 

Кога кончено дознав за кого се работи и каде живееат, се договорив да се најдеме во нивната куќа. Доста се богати и тоа се гледа гледа уште од самиот влез во дворот, имаат три деца и јас личам многу на вистинската мајка. Моите други родители едвај склопуваат крај со крај, но ништо не ми фали. 

Кога ги прашав зошто ме оставиле додека сум била бебе, очекував да ми одговорат „ бевме млади“ или „ не бевме во состојба да те одгледаме“, но наместо тоа го добив најлошиот одговор: „Затоа што се роди без еден бубрег“.

Од тогаш повеќе не ги видов, а тие најверојатно повеќе не се интересираат за мене.

 

 

 
 
23.12.2015 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега