Лек од кујната – со оваа храна против затнатиот нос

Затнатиот нос е многу честа појава за време на зимските месеци, а предизвикан е од воспаленија, вирусни настинки и сув воздух.

Ви претставуваме природни, евтини и здрави начини како да се ослободите од затнатиот нос и да го зајакнете имунитетот.

Етерично масло од ментол

Неколку капки од етеричното масло од ментол капнете на марамче. Ставете ја на нос и дишете длабоко десетина пати.

Лук

Чешне лук исечкајте го ситно и изедете го со парче леб со било кој оброк. Ако го поднесувате неговиот лут вкус лукот изгрицкајте го и вдишете длабоко десетина пати.

Јаболков оцет

Зовријте половина литар вода, па во неа додадете три лажици јаболков оцет. Наведнете ја главата над лончето, покријте се со крпа и длабоко вдишувајте ја пареата.

Рен

Изрендајте малку рен и помешајте го со лажица мед. Мешавината ставете ја на јазикот и пред да ја голтнете вдишете преку нос десетина пати.

Ѓумбир

Сежиот ѓумбир изрендајте го во салата, сендвич или некое друго јадење. Ако ви е вкусот преинтензивен, помешајте го со лажица мед. Ставете во уста и вдишете преку нос десетина пати.

Корен од слез

Коренот од слез исечкајте го на парчиња и ставете го во литар топла вода. Оставете да отстои околу половина час, а потоа проварете ја водата. Наведнете ја главата над лончето, покријте ја со крпа и инхалирајте.

 
 
24.12.2015 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега