Тајната на вечната младост се крие во организмите во слатките води!

Научници од САД открија дека тајната на тоа како да се остане вечно млад е кај ситните организми кои живеат во природните слатки води.

Научниците од Одсјек за биологија на Универзитетот Помона во Калифорнија цели осум години ги истражувале слатководните полипи. Установили дека тие не стареат и дека нивната стапка на смртност е многу ниска.

Имено, полипите се формираат од матични клетки, константно ги обновуваат телесните ќелии, и за разлика од другите повеќеклеточни организми не покажуваат знаци на стареење.

Еден полип е со големина од 10 милиметри, кои се наоѓа во средиштето на човечкото тело содржи повеќенаменски кожни клетки. Овие клетки константно се обновуваат и произведуваат нови живчени клетки, а во случај на оштетување имаат способност повторно да се обноват.

 

 

 
 
24.12.2015 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега