Бесен охриѓанец без причина претепал брачен пар

Вчера во 20 часот на улицата „Абас Емин“ во Охрид, 60-годишниот С.М. физички бил нападнат од страна на 41-годишниот А.Џ.

Кога А.Џ. го видел својот сограѓанин како седи пред берберница заедно со својата сопруга, без повод и причина почнал да му се заканува, па започнал да го удира со тупаници по главата и телото. Потоа бесниот охриѓанец ја нападнал и сопругата на С.М.

Потоа А.Џ. отишол во возилото и извадил пиштол со кој им се заканувал, па се упатил во непознат правец.

Полицијата работи на расветлување на случајот.

најчитано сега