Тетово: Му дошол пред врата со пиштол и почнал да му се заканува

Вчера околу 14 часот и 15 минути на улицата „111“ во Тетово, додека 31-годишниот А.М. заедно со својата мајка и четирите внуци се возел во својот автомобил, се разминал со друго возило марка „Пасат“ без регистерски ознаки, кое било управувано од страна на 34-годишниот М.Т. кој почнал да го навредува и да му се заканува од своето возило без никаква причина.

А.М. за да избегне конфликт продолжил да вози до дома, но пријавениот дошол кај него со пиштол кој го репетирал и започнал да му се заканува, но за среќа никој не е повреден.

Полицијата работи на случајот.