Ивановски обелодени: Наместо еден - два закони за регулација на медиумите

Медиумите и аудиовизуелните и медиумските услуги ќе бидат регулирани во два посебни законa усогласени со препораките на ОБСЕ, Советот на Европа и ЗНМ, истакна денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

- Сите дефиниции за кои што имавме забелешка од ОБСЕ или СЕ се допрецизирани по нивните препораки. Регистрацијата на медиумите се вршни во Централниот Регистар, како било кое друго трговско друштво, а не во новата Агенција за медуми, со ште се задоволува уште една забелешка на ОБСЕ и СЕ. Членот за саморегулација се брише по препорака на ОБСЕ. Слободата на изразување и слободата на медумите може да биде ограничена само во согласност со Уставот на РМ. По препораката на ОБСЕ членот за правото на новинарот да го изнесе своето мислење и став и да одбие да изврчи налог, односно задача, е споен од претходните два члена што ги имавме во нацрт текстот, притоа да не се нарушат и правата на издавачите на медиум, истакна на денешната прес-конференција министерот Ивановски.

Законот за медиуми, според Ивановски, ќе се однесува на сите медуми што претставуваат средство за јавно информирање, односно било каков вид комуникација како весници, магазини, програми на радиото и телевизијата, електронски публикации, телетекст и други средства за дневно или периодично објавување, а за медиуми не се сметаат  билтени, каталози,   други форми на публикации, независно од средството за објавување, наменети исклучиво за огласување, образовниот систем или за деловна коресподенција, публикациите на единиците на локалната самоуправа, плакатите, летоците...

- Се изостави обврската за печатените и ел.портали да се евидентираат во Агенцијата. Агенцијата информациите за нивна потреба ќе ги обезбедат од Централниот Регистар на Македонија. По препоракта на ОБСЕ се воведува и административен надзор над медиумите. Во однос на медиумската концентрација, по препораката на СоЕ законот останува како што е и постоечкиот, истакна Ивановски.

- Во овој закон е оставен и делот што се однесува на новото регулаторно тело Агенцијата за медиуми и аудиомедиумски услуги и функционирањето на МРТ. Постоечкиот Совет за радиодифузија, ќе се преуменува во Агенција за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги. Во Агенцијата намален е мандатот на членовите во советот од 9 на 7 години по препораката од Советот на Европа и ОБСЕ, а намален е мандатот на директорот на Агенцијата од 8 на 7 години. Исто така по препорака на ОБСЕ и СЕ повеќе членови во агенцијата ќе се делегираат од цивилното општество, а намалени се претставиниците од Собранието на РМ и ЗЕЛС, рече Ивановски и појасни дека со законот се прецизирани обврските на радиодифузерите за емитување музика и за програми изворно создадени на македонски јазик или на јазиците на заедниците во Република Македонија.

- Радиодифузерите се обврзани дневно да емитуваат најмалку 30 проценти програма изворно создадена во Република Македонија на македонски јазик или на јазиците на немнозинските заедници кои живеат во Република Македонија почнувајќи од 2014 година.  Од 2015 година, обврската од 30 проценти се зголемува на 40, а од 2016 година на 50 проценти. Јавниот радиодифузен сервис е обврзан дневно да емитува најмалку 40 проценти ваков тип програма, а од 2016 година, обврската  се зголемува на 50 проценти, рече министерот Ивановски.

Националните телевизиски радиодифузери од општ формат се обврзани годишно да емитуваат  најмалку 10 часа  домашна документарна програма во перидот од 7 до 19 часот, најмалку 20 часа  домашна играна програма во истиот период, 

- Имајќи во предвид дека Собранието во месец Август ќе биде нема да работи поради летните одмори, се отвора можност за најмалку 4 дополнителни недели за расправи и дискусии пред да се одржи второто читање на законот, рече Ивановски.

Заинтересираните страни кои имаат дополнителни предлози можат да се обратат до МИОА.

ФОТО: Влада

најчитано сега