Поезија од Блаже Конески вечерва на „БитФест“

Вечерва во културниот центар „Магаза“ во рамки на Битфест за љубителите на пишуваниот збор и поезијата на Блаже Конески ќе биде приреден музичко-сценски настап со наслов „Парче душа“ кој ќе го изведе актерот Љупчо Тодоровски-Упа.

Вечерната фестивалска програма ќе биде збогатена со концерт на флејта и пијано во изведба на уметниците Гоце Талевски и Елена Христовска кој ќе се одржи во националната установа Завод и Музеј. На програмата сс дела од Иберт, Генин, Шуберт, Доплер и други композитори. 

Инаку, поезијата на Блаже Конески е значајна за сите генерации и посебно за средношколците кои со ова творештво се среќаваат во наставниот процес низ лектири и книги со песни од Конески основоположникот на современиот литературен македонски јазик, информираат од „БитФест“.

 

најчитано сега