Еден мигрант е убиен тројца се повредени - еве што се случувало синоќа на Табановце

Официјално во престрелката во Табановце убиен е еден мигрант, додека тројца се повредени и се наоѓаат во Клиничкиот центар во Скопје, пренесе порталот Курир.

Инцидентот се случил синоќа околу 2 часот по полноќ во Табановце, а случајот во полиција го пријавил случаен минувач кој забележал како поголема група се расправа и го нарушува јавниот ред и мир. Полицијата која веднаш пристигнала на местото на настанот видела едно лице како облеано во крв лежи на автопатот, додека тројца други биле повредени од огнено оружје. Тие биле веднаш пренесени во кумановската болница, а потоа поради сериозноста на повредите префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.

Според информациите на порталот Курир, имигрантите започнале расправија бидејќи сакале преку нелегален пат да ја поминат границата и да влезат на територија на Република Србија, при што биле пресретнати од непознати лица со кои ја започнале жестоката расправија. 

Полицијата сеуште истражува од каде се мигрантите и кој пукал во нив.

ФОТО. Нетпрес

 

 

најчитано сега