Насилници претепале тетовчанец со метална шипка

Вчера околу 18  часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, двајца тетовчани крвнички претепале свој сограѓанин.

Се работи за 46-годишниот С.Б. и 23-годишниот И.Б. од тетовско кои го пресретнале 48-годишниот Д.А. при што физички го нападнале со метална шипки, со што тој се здобил со сериозни повреди во пределот на главата и телото.

Момчињата веднаш по инцидентот избегале од местото на настанот, а полицијата превзема мерки за нивно пронаоѓање.

најчитано сега