Млад гостиварчанец се бори за живот - при тепачка го избоделе со нож

Млад гостиварчанец бил итно пренесен на скопските клиники откако бил избоден со нож при тепачка на улицата Гоце Делчев во Гостивар.

Како што дознава порталот Курир, се работи за 28-годишниот Б.Н. кој бил избоден денеска во 12 часот и 40 минути при тепачка во која учествувале повредениот и 30-годишниот Б.Д.

Момчето со обилно крварење било веднаш пренесено на на Клиниката во Гостивар каде во тек е хируршка интервенција.

Напаѓачот е приведен и задржан во полиција.

ФОТО: Пулс24

најчитано сега