Бугарин превезувал мигранти од Турција на Табановце

Вчера во 06 часот и 25 минути на Граничниот премин Табановце на излез од Македонија, полицијата го привела 29-годишниот бугарски државјанин Б.А.С.

Бугаринот со своето возило „митцубиши“ превезувал двајца турски државјани кои на граничната контрола и дале на увид туѓи бугарски исправи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ФОТО: Кумановоњуз

најчитано сега