Мотоциклист загина во тешка сообраќајка кај Лозово - го прегази автобус

33 годишен мотоциклист загина во тешка сообраќајна несреќа која попладнево околу 17 часот се случила на патото Велес - Штип кај општина Лозово. Како што дознава Press24 автобус на „Струмица Експрес“ се судрил со мотоциклист управуван од 33 годишниот З.А. Мотоциклистот со тешки телесни повреди починал на пат кон болница. Од МВР ја потврдуваат оваа информација и влат дека нивни екипи во моментов вршат вид на местото.

најчитано сега