Му се превртел тракторот додека работел - велешанец заврши на Клиниката во Скопје

Вчера велешанец од медицинскиот центар во Велес бил донесен во медицинскиот центар во Скопје откако му се превртел тракторот и тешко го повредил.

Според информациите од МВР, се работи за 50-годишниот Р.Т. од велешкото село Клуковец кој се здобил со повреди откако му се превртел тракторот со жито додека работел.

Случајот во полиција го пријавил неговиот син.

најчитано сега