Охриѓанец криел дрога во звучници

Охриѓанец си заработи кривична пријава бидејќи се обидел да прошверцува марихуана.

Се работи за 36-годишен охриѓанец кој од Скопје си набавил марихуана за 500 евра која сакал да ја продава, па затоа ја сокрил во звучник.

Охриѓанецот имал план марихуаната да ја продава на наркозависници од Охрид и Струга со кои претходно договарал средби.

Овој човек и е познат на полицијата од претходно како сторител на кривични дела.

најчитано сега