Стружанец се обидел да смени фалсификувани евра во менувачница

Двајца стружани си заработија кривична бидејќи фалсификувале пари и се обиделе да ги сменат во менувачница.

Се работи за 25-годишниот Р.М. и 28-годишниот Р.Ј. од Лабуништа. Р.М. влегол во менувачница и се обидел да размени фалсификувана банкнота од 200 евра, а откако вработениот забележал дека банкнотата е фалсификувана, случајот го пријавил во полиција.

Р.М. во полицијата изјавил дека банкнотата ја добил од Р.Ј. кој му ветил парична награда доколку ја размени истата.

ФОТО: Денешен

најчитано сега