Шверцувале тутун со помош на коњи

Вчера во 19 часот патролата на Блаце на земјен пат кој води кон „Широка ливада“ забележала четири коњи натоварени со бали со тутун.

Кога лицата кои ги воделе коњите ја забележале патролата, ги фрлиле балите тутун и со коњите избегале од местото на настанот, а се упатиле кон Косово.

Полицијата на местото на настанот нашла и подигнала 9 бали тутун.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега