Пешак прегазен на скопските улици

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.

Седум од сообраќајните несреќи поминале со материјална штета, додека во пет со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден пешак, еден велосипедист и еден патник во автобус.

Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 50 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Дваесет и пет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и 10 пешаци кои поимале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Бутел, со учениците од второ одделение.

Во 10 часот поранешните вработени на ОХИС ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

 
 
23.02.2016 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега