Пратениците денеска со полни раце работа

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за европски прашања, за култура, за транспорт врски и екологија, како и Законодавно-правната комисија.

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет треба да биде разгледан Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, во прво читање.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, како и Предлог - законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сите во прво читање.

Овие закони треба да го разгледуваат и членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за култура е Предлог - закон за поддршка на домашната музичка продукција, во прво читање.

На седницата на Законодавно-правната комисија, меѓудругите, се, Предлог-законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност, данок од добивка, персонален данок на доход, придонеси за пензиско и инвалидско осигурување како и камати и споредни даночни давачки и обврски по основ на денарски кредити во траен влог во Јавно претпријатие за стопанисување со шуми „МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ П.О. Скопје, во прво читање, Предлог законот за заштита од пушењето, исто така во прво читање, Предлог законот за изменување на Законот за трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, Предлог - законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог - закон за медиуми... 

најчитано сега