ДОМ: Го поздравуваме носењето на правилниците за енергетска ефикасност на зградите

ДОМ го поздравува носењето на Правилниците за енергетска ефикасност на зградите и за енергетска контрола.

- Убедени сме дека енергетската ефикасност е еден од врвните приоритети на Македонија за постигнување енергетска стабилност и безбедност. Со нејзина примена во градежништвото, контролата и енергетските пасоши на објектите, сопствениците на станови ќе плаќаат помали сметки за струја и над 50 отсто, ќе се намали увозот на електрична енергија  кој последниве години е близу 60 милиони евра годишно, ќе има значителна заштеда во Буџетот, ќе се отворат нови зелени работни места,  но и значително ќе се намали загадувањето на животната средина, особено во урбаните средини, рече на прес-конференцијата портпаролот на ДОМ, Маја Морачанин.

Од ДОМ ги охрабруваат институциите да продолжат со мерките насочени кон развој на зелената економија и сугерираат уште порешителни активности во таа насока, потенцира портпаролот на ДОМ Тони Ристов.