ЕК: Билатералните контакти меѓу политичките лидери на Македонија и Грција се важни за решавање на спорот со името

Денеска уште еднаш Европската Комисија потенцира дека билатералните контакти и нивното зачестување меѓу политичките лидери на Република Македонија и Грција се добри во однос на наоѓање решение за прашањето за името. Ова го истакна портпарол на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, Маја Кочијанчич.

- Се појави надеж дека последната иницијатива од посредникот на ОН, за формални преговори со нов момент би донеле пробив во однос на ова прашање. Во тој контекст, Европската комисија ги поздравува извештаите од неодамна за билатерални контакти меѓу ПЈР Македонија и  Грција, истакна Коцијанчич, коментирајќи ја позицијата на ЕК во однос на негативниот одговор на грчкиот премиер Андонис Самарас на писмото од претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, за интензивни преговори меѓу тимови што тие двајца би ги воделе со цел решавање на деценискиот спор поради кој се блокирани македонските евро-атлантски интеграции.

На прашање како го коментира тврдењето во писмото на Самарас дека Европската унија, а не Грција, го блокира почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, портпаролка на претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Барозо, посочи дека таа нема што да додаде од тоа што претходно го изјавувал Петер Стано, портпарол на комесарот за проширување Штефан Филе.

Високи извори од ЕУ, за МИА велат дека грчкиот премиер „може да зборува што сака“, но дека Комисијата со четирите последователни препораки за Македонија да ги почне преговорите за членство, всушност потврдила дека земјата ги исполнила сите критериуми и ги завршила потребните реформи за евроинтеграција. Во таа смисла, според нив, не држи обвинувањето дека земјата не ги исполнува Копенхашките критериуми, кога Еврокомисијата, како нивен заштитник, го потврдила спротивното.

Кога станува збор за почитувањето и заштитата на малцинските права, според договорот од Копенхаген, се предвидува таквите национални малцинства да треба да бидат способни да ги задржат својата посебна култура и практики, вклучително и нивниот јазик (доколку не е во спротивност со човековите права на другите луѓе, ниту на дмеократските процедури и владеење на правото), без да трпат било-каква дискриминација. Притоа, се наведува дека конвенцијата на Советот на Европа бил голем чекор напред во оваа област.

Во исто време, хрватскиот европратеник Андреј Пленковиќ, денеска за МИА потврди дека Грција, а не ЕУ, се причина што Македонија не ги почнала пристапните преговори, како и дека проблем не е само името на земјата, туку и македонскито идентитет.

најчитано сега