Дипломираше питомец од првата класа по рестартирањето на Воената академија во 2009 година

Воена дисциплина – што стои зад воената дисциплина“ е темата на дипломската работа која денеска беше одбранета од еден од питомците од првата класа, по рестартирањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во 2009 година.

Денеска по овој повод министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со заменик-началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини и останати претставници на Министерството и на Армијата, присуствуваа на јавната одбрана, и укажаа на тоа дека по одбраната на дипломските трудови, на 31-ви овој месец следи произведување на дипломираните кадети во офицерски чин потпоручник.

- Овој свечен чин беше круна на четиригодишното школување на Воената академија, после сите напори, обука и настава, рече питомецот Моника Павлова. Таа е прв иден офицер од понежниот пол во родот пешадија, токму воената дисциплина како област, е важна за одржување и зајакнување на дисциплината во редовите на војската.

Конкурсот за новата класа питомци за школската 2013/2014 година ќе биде потпишан денеска, додека веќе утре ќе биде објавен во медиумите и јавноста.

ФОТО: Дневник

најчитано сега