Расчистено убиството на Табановце - кој и зошто го уби мигрантот

Расчистено е убиството на мигрантот кај Табановце, дознава Press24 од поициски извори.  Според нашите информации, МВР како сторители за убиството товари 3 лица. Двајца веќе се приведен а третиот и натаму е во бегство и полијата трага по него. Според првичните неофицијални информации, мотив за убиството е обид за разбојништво. МВР и официјално ја потврди оваа информација на Press24 но повеќе детали се најавуваат за утре.

Убиството се случи на граничниот премин Табановце во вторникот.  Случајот во полиција го пријавил случаен минувач кој забележал како поголема група се расправа и го нарушува јавниот ред и мир. Полицијата која веднаш пристигнала на местото на настанот видела едно лице како облеано во крв лежи на автопатот, додека тројца други биле повредени од огнено оружје. Тие биле веднаш пренесени во кумановската болница, а потоа поради сериозноста на повредите префрлени во Клиничкиот центар во Скопје.

најчитано сега