Струга: Пожар во лифт затру 16 годишни близначки

Четири лица, меѓу кои две малолетни близначки, се полесно повредени при пожар кој вчера избувнал во лифт од зграда во Струга, јави Курир.

 

Според информациите на порталот, лицата затруени со јаглероден диоксид биле веднаш префрлени во болница, каде им е укажана лекарска помош.

Две лица уште веднаш биле пуштени на домашно лекување, додека 16 годишните близначки биле задржани на лекување. По кратка интервенција и тие биле пуштени н домана нега.

Противпожарните екипи го изгаснале пожарот. Според првичните и неофицијални информации, кои ги објави Курир, причината за избувнувањето на огнот, најверојатно е проблем во електринчата инсталација

најчитано сега