Изградил куќа на карпа која им пркоси на сите закони на физиката

Неколку километри од Бела Паланка, во Србија, се наоѓа куќа на која сите ѝ се воодушевуваат. Таа им пркоси на сите закони на физиката – на карпа висока 13 метри некој одлучил да изгради огромна викендичка.

-Она е ремек-дело. Некои ја викаат змејово гнездо, некои орлово, а мене ми е одмор за душата, вели сопственикот Мика.

kuka na karpa 1

Две години качувал вреќи цемент и песок на грб за да ја изгради. Самоукиот мајстор, мајстор на невозможното, како што го викаат, одлучил да ја изгради куќа на 13-метарската карпа, која ќе им пркоси на сите физички закони. Градбата е уникатна по тоа што на карпата се потпира со должина од само 25 сантиметри, а останатите 2 метри висат во воздух.

 
 
10.04.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега