Press24.mk достигна 10 милиони прегледи на месечно ниво

По повеќе од 2,5 години во македонскиот интернет простор, Press24 ја надмина бројката од 10 милиони прегледи на месечно ниво. Според официјалната статистика на Alexa Press24 е најчитаниот информативен портал во Македонија и четврто најпопуларно македонско онлајн издание. Според последните податци добиени од Google Analytics, во периодот од 20 јуни до 20 јули, Press24 регистрираше над 2,3 милиони посети направени од повеќе од половина милион уникатни читатели, кои нашите страници ги прелистале вкупно повеќе од 10,6 милиони пати, или во просек, при секоја посета, се прелистувале по 4,55 страници. 
Во споредба со истиот период минатиот месец, Press24 забележал раст на популарноста од 12%, според бројот на остварени посети.

Нашата млада но искусна и амбициозна новинарска екипа секогаш се труди информациите да ги пласира брзо, во кратка и разбирлива форма ослободени од секакви влијанија. И во иднина продолжуваме по тој курс а Вам ви благодариме што не следите.

Извештајот од Google Analytics можете да го погледнете тука

најчитано сега