Откриено каде побегнал убиецот на Јелена
Нови детали за грозоморното убиство кое го потресе регионот. Според најновите податоци до кои стигна српскиот Курир, полициското куче дента кога беше пронајдено телото на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, се оттргнало од чуварите и отрчало кон нивата во близина, па потоа на асфалтот.
Убиецот на Јелена најверојатно побегнал од каналот преку нивата се до главниот пат и од тогаш му се губи секаква трага.
- Кучето се оттргна од рацете на чуварите, продолжи напред и отиде до улицата. Се претпоставува дека од тука избегал убиецот, вели извор на истрагата.
Инаку, Јелена беше усмртена со 30 удари од дрвена палка на 2 април.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа